Смртоносни поплави ја погодија Сардинија по обилните дождови (ВИДЕО)

Според властите и локалните медиуми, поплавите на италијанскиот остров Сардинија однеле најмалку три животи, а островот е целосно разорен.

Фото: ЕПА

Во градот Бити, во провинцијата Нуоро, улиците биле претворени во реки од кал кои носеле автомобили, и ги полавиле подрумите.

„Ситуацијата во Бити беше особено драматична“, им рече на новинарите регионалниот советник за животна средина, Џани Лампис.

„Градоначалникот нè извести дека две лица починале, а некои сè уште се водат за исчезнати“, додаде Лампис.

Од лизгање на земјиште загинал 55-годишен земјоделец, а 90-годишник починал дома, според италијанската новинска агенција АНСА.

Исто така, службите за итни случаи сè уште бараат тело на жена стара околу 90 години.

Лампис изјави дека е издадено црвено предупредување за времето поради обилните дождови што се очекуваат да го зафатат целиот остров во недела.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе