Иранскиот министер за надворешни работи

Зариф: Или сите ќе бидат безбедни во Заливот или никој

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф порача дека безбедноста во Заливот може да се постигне преку разговор меѓу земјите во регионот, вклучувајќи ја и Саудиска Арабија, и без мешање на странски сили.

Мохамад Џавад Зариф во авторски текст за кувајтскиот весник „Ел Раи“ рече дека сите земји од Персискиот залив ќе уживаат безбедност „или сите ќе бидат лишени од неа“, соопшти агенцијата ИРНА.

Саудиска Арабија и нејзиниот историски непријател Иран учествуваат во неколку посреднички војни во регионот, меѓусебно обвинувајќи се за нападите.

Саудијците го обвинија Иран за нападот врз нафтените објекти на 14 септември, што Иран го негира. Кралството соопшти дека претпочита своите несогласувања со Иран да ги решава политички, а не воено.

Соединетите Држави и Саудиска Арабија го обвинија Иран и за нападите врз шест нафтени танкери во мај и јуни, што Техеран исто така го негираше.

Во колумната Зариф рече и дека Заливот може да се стане безбеден преку разговор меѓу земјите од регионот, вклучително и Саудиска Арабија, и без мешање на странските сили, објави официјалната новинска агенција ИРНА.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе