Бразилскиот претседател

Заразениот Болсонаро пред новинари ја тргна заштитната маска, сега го тужат

Бразилското новинарско здружение (АБИ) соопшти дека поднело тужба пред врховниот суд против претседателот Жаир Болсонаро поради можно изложување на припадници на медиумите на ковид-19.

EPA-EFE

АБИ тврди дека Болсонаро не ги почитувал безбедносните мерки за оддалеченост од новинарите и дека на конференцијата за медиумите, на која објави дека е позитивен на коронавирусот, ја тргна заштитната маска.

Три телевизиски станици – Си-ен-ен Бразил, ТВ рекорд и ТВ Бразил беа во вторникот присутни на споменатата конференција за новинари. Новинарот на Си-ен-ен Бразил, Ленадро Магалес, бил тестиран вчера за ковид-19 и засега работи од дома додека не ги добие резултатите, пишува Си-ен-ен.

По конференцијата, конгресменот Марсело Фрешо напиша на Твитер дека поднел тужба против Болсонаро.

„Претседателот со тргањето на заштитната маска за време на интервјуто во кое објави дека е заразен со коронавирусот ги прекрши членовите 131 и 132 од кривичниот закон“, кажа Фрешо.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе