Велика Британија

Заразен маж плукнал на вработена на лондонска железничка станица, две недели подоцна таа починала

Вработена во британски железници почина од новиот вид на коронавирус, откако на неа плукнало непознато лице додека работела на станицата Викторија во Лондон, соопшти Здружението за вработени во сообраќајот (ТССА).

Бели Муџинга (47) и нејзиниот колега биле на работа на 22 март кога непознато лице плукнало кон нив и намерно им кашлало. Непознатиот сторител потоа им рекол дека е заразен со коронавирус. Муџинга почина две недели подоцна, на 5 април.

Британската сообраќајна полиција објави дека започнала истрага за инцидентот, пишува Си-ен-ен.

„Бели и нејзиниот колега го молеле раководството остатокот од денот да го поминат во објект зад заштитната бариера. Раководството им одговорило дека им требаат луѓе кои работат надвор и ги испратиле назад до крајот на смената“, се вели во соопштението на ТССА.

Здружението на вработени во сообраќајот соопшти дека Муџинга страдала од хронични респираторни проблеми поради кои веќе требало да оди на операција. Се додава дека раководството знаело за нејзината здравствена состојба и дека, дури и по инцидентот, Муџинга продолжила да работи се до 25 март, кога нејзиниот лекар ѝ рекол дека мора да оди на боледување.

Муџинга и нејзиниот колега се заразиле со ковид-19 многу брзо по нападот, односно 11 дена по инцидентот. Муџинга со брза помош била пренесена во болницата Барнет и била поставена на респиратор.

ТССА го пријави инцидентот до регулаторните органи.

„Наместо да зборува за олеснителни мерки и враќање на работа, владата прво мора да обезбеди во работните објекти да се воспоставени соодветните мерки на претпазливост и мерки за заштита на вработените“, велат од ТССА.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе