Запрашан од новинарот на Фокс њуз за што разговарал со Путин, Бајден му одговори „За тебе“ (ВИДЕО)

Американскиот претседател Џо Бајден му даде необичен одговор на новинарот на Фокс њуз кога овој го праша за што разговарал во телефонскиот повик со рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: ЕПА

Откако Бајден ги потпиша извршните наредби за унапредување на расната рамноправност, дописникот на Белата куќа Питер Дуси му довикна: „Господине претседател, за што разговаравте со Владимир Путин?“

Бајден потсмешливо му одговори: „За тебе“.

Па додаде: „Те поздрави“.

Другите новинари прснаа во смеа, а Бајден ја стави маската на лице и си замина.

Бајден и претходниот ден за време на брифингот зборуваше за Дуси, кој известуваше за претседателската кампања.

Претседателот рече: „Знам дека тој секогаш ми поставува тешки прашања и секогаш има острина во нив, но во секој случај ми се допаѓа, затоа ајде, постави го прашањето“.

Минатото лето Дуси го праша Бајден дали избрал партнер со кој ќе се кандидира, на што сегашниот претседател тогаш му одговори во сличен стил: „Да, избрав... Тебе“.

 

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе