Москва

Започнуваат вежбите на руските стратегиски нуклеарни сили

Руската војска денес започнува сеопфатни тридневни вежби на своите стратегиски нуклеарни сили.

Министерството за одбрана соопшти дека во вежбите ќе учествуваат 12.000 војници, 213 ракетни фрлачи, 105 авиони, 15 воени бродови и пет подморници, пренесе Асошиејтед прес.

Генерал-мајорот Евгениј Илин, шеф на одделот за меѓународна соработка на министерството, рече дека две интерконтинентални балистички ракети ќе бидат лансирани на цели на полуостровот Камчатка, на рускиот Далечен исток.

Тој додаде дека и стратешките бомбардери исто така ќе пукаат крстаречки ракети на неколку цели.

Русија во последните години го прошири опсегот на воени вежби во услови на зголемени тензии со Западот, наведе АП.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе