Започна извлекувањето на потонатиот брод по судирот со крузерот на Дунав (ФОТО)

Започна акцијата на извлекување на остатоците од унгарскиот туристички брод Сирена, потонат во близина на мостот во центарот на Будимпешта, јави Ројтерс.

Полицијата е на локацијата и ги извлекува телата од бродот.

Спасувачките екипи извлекоа четири тела, од полека подигнатиот брод кој потона пред две недели откако се преврте на реката Дунав во Будимпешта со група туристи од Јужна Кореја, објавија официјални лица.

Во акцијата се вклучени нуркачи, кои подметнале потпора под потонатиот брод за да му овозможат на големиот пловен кран што побезбедно и полесно да го подигне бродот од дното. Потонатиот брод бил стар околу 70 години и засега не е познато колку штета претрпел за време на судирот.

Во операцијата што е во тек ќе се обиде да се избегне можно кршења на трупот, и се очекува во остатоците да се пронајдат повеќе тела кои за време на несреќата останаа заробени во внатрешноста на бродот.

Во најголемата унгарска речна несреќа во која дојде до судир на швајцарски крузер и унгарски туристички брод во близина на мостот Маргарет, животот го загубија десетици луѓе. Страшната несреќа се случи при лоши временски услови на 29 мај оваа година.

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе