Западот работи на нов план за вооружување на Украина

Западните влади ги мобилизираат своите производители на оружје за да го зголемат производството и да ги надополнат залихите на оружје, кои се значително намалени со оглед дека досегашните испораки во Украина прилично ги исцрпија, пренесува АФП.

Фото: ЕПА

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин организира состанок на клучните претставници за вооружување од сојузничките земји за да направат долгорочни планови за снабдување на Украина и обнова на сопствените резерви на оружје.

„Ќе разговараат за тоа како нашите одбранбени индустриски бази можат најдобро да ги опремат идните украински сили со оружјето што им е потребно“, рече тој на состанокот на Украинската контакт група, 50 земји кои обезбедуваат вооружена поддршка за Украина, во воздухопловната база Рамштајн во Германија.

Шефот за набавка на оружје на Пентагон, Бил Лапланте рече дека средбата ќе се одржи во Брисел на 28 септември.

„Целта беше да се утврди како можеме да продолжиме да работиме заедно за да го зголемиме производството на клучните оружја, да ги решиме проблемите со синџирот на снабдување и да ја зголемиме интероперабилноста на нашите системи“, рече Лапланте за новинарите во Пентагон.

НАТО испрати оружје и воена опрема во Украина од почетокот на конфликтот во вредност од милиони долари, вклучително и мобилни ракетни системи Химарс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе