Западот ја обвини Русија за милитаризација на Арктикот

Русија „не му се заканува на никого“ на Арктикот каде што го зголемува военото присуство туку обезбедува само сопствена безбедност, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

„Не правиме ништо, освен што ја чуваме безбедноста на нашата земја. Никому не му се закануваме, ги одржуваме нашите одбранбени капацитети земајќи ја во предвид ситуацијата што ја опкружува нашата земја“, изјави Лавров на меѓународниот форум за Арктикот во Санкт Петербург.

Така одговори рускиот министер на прашањето за обвиненијата за „милитаризација“ на Арктикот кои пристигнуваат од Западот.

„Нашиот став за Арктикот претпоставува широка соработка. Отворени сме за развој на соработката, а тука спаѓа и прашањето за Североисточниот премин“, изјави тој. Североисточниот премин е поморски пат кој оди долж сибирското крајбрежје и стана прооден поради топењето на мразот.

Лавров додаде дека Русија „не гледа ниедно прашање кое го заслужува вниманието на НАТО“.

Претседателот на Русија Владимир Путин на маргините на форумот ќе се сретне со премиерите на Норвешка и Шведска, Ерна Солберг и Стефан Левен, како и со финскиот претседател Саули Нинисто.

Русија се надева дека ќе стане главна економска и воена сила на Арктикот благодарение на глобалното затоплување и топењето на мразот, што би требало да доведе до отворање на нови трговски патишта на северниот крај на планетата.

Отворањето на Североисточниот премин, кој ги поврзува Атлантикот и Тихиот Океан, ќе ја поедностави и испораката на руската нафта во југоисточна Азија.

Москва исто така го интензивираше военото присуство на Арктикот отворајќи повеќе воени бази кои биле напуштени по распадот на Советскиот Сојуз.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе