Западот ѝ објави хибридна војна на Русија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Западот ѝ објавил „тотална хибридна војна" на Русија и дека е тешко да се предвиди колку долго ќе трае.

Фото: ЕПА

„Целиот западен свет ни објави тотална хибридна војна и тешко е да се предвиди колку ќе трае сето ова, но јасно е дека последиците ќе ги почувствуваат сите без исклучок“, пренесува Ројтерс.

На 80 ден од почетокот на конфликтот во Украина, Лавров укажа на санкциите наметнати на Москва и посочи дека напорите на Западот да ја изолира Русија се осудени на неуспех, посочувајќи дека односите на Русија со Кина, Индија, Алжир и земјите од Заливот се важни.

„Направивме сѐ за да избегнеме директен конфликт, но сега кога е фрлена ракавицата ние се разбира ќе го прифатиме предизвикот“, рече Лавров, додавајќи дека санкциите не се нови за Русија, бидејќи тие биле речиси секогаш таму на еден или друг начин, пренесува британската агенција.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе