Западните медиуми пренесуваат

Хаос ја разорува Украина, во најкрвавиот ден откако Јанукович ја одби ЕУ (ФОТО)

„Хаос“ во Украина, пишува Њујорк тајмс, пренесувајќи дека антивладините протести еруптирале во најкрвавиот ден во Киев откако претседателот Виктор Јанукович го одбил договорот со ЕУ во ноември.

 

Ројтерс јавува дека двајца од загинатите полицајци биле убиени со огнено оружје. Сепак, не е познато дали полицијата користи боева муниција или гумени куршуми; биле забележани демонстранти со пиштоли, но не било забележано дали ги користат.

Полицијата се обидела со две оклопни возила да се пробие низ камените бариери што водат надвор од Плоштадот на независноста (Мајдан), додека демонстрантите фрлале камења, огнени бомби и молотови коктели, па возилата заглавиле и букнале во пламен додека полицајците сè уште биле внатре, пренесува агенцијата. Немирите, исто така, се шират и во Западна Украина, каде што демонстрантите ги нападнале полицијата и владините канцеларии во неколку региони, јавува Си-ен-ен.

Деталите се хаотични, пишува Би-би-си. Во најголемото насилство досега, полицијата користи гумени куршуми и парализирачки бомби додека илјадници демонстранти маршираат кон парламентот. Русија избувнувањето на насилствата му го припиша на „премолченото одобрување од страна на западните политичари и европските структури“ и нивното одбивање да ги предвидат „агресивните акции“ на радикалните струи во протестното движење, вели Би-би-си.

Њујорк тајмс известува дека и покрај хаосот, демонстрантите на плоштадот ја пееле националната химна.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе