Западна Австралија ја легализираше еутаназијата

Западна Австралија донесе закон со кој се легализира еутаназијата, доброволно и потпомогнато завршување на животот, со што стана втора австралиска сојузна држава што го стори тоа.

„Денеска покажавме дека барем во Западна Австралија можеме да направиме големи работи“, рече денес премиерот на Западна Австралија Марк Мекгауен по историското гласање.

„Во овој парламент имаме големи, сочувствителни срца и подготвени сме да преземеме политички ризик за да ја направиме вистинската работа“, додаде тој.

Минатата недела во горниот дом на државниот парламент е одобрен Законот за доброволно, асистирано умирање, откако биле додадени 55 амандмани на првата верзија на законот, претставен од тамошната влада на левиот центар.

Законот потоа е вратен во долниот дом, а амандманите денес се ратификувани по емотивна и долга расправа. Откако бил усвоен законот, членови на парламентот разменија прегратки, додека посетителите во галеријата на парламентот со аплауз го проследија неговото усвојување.

Западна Австралија усвои закон за еутаназија по историското воведување на правото на доброволно умирање, кој е одобрен во 2017 година во австралиската држава Викторија.

После 18 месеци колку што траел периодот за имплементација, опцијата терминално болни пациенти да можат го завршат животот со смртоносна комбинација на лекови во Викторија е достапна уште од јуни.

„Не е време за славење“, изјави во парламентот во Перт државниот министер за здравство Роџер Кук, кој го надгледуваше претставувањето на законот.

„Сите знаат на што се однесува овој закон... Се работи за тоа дека избравме сочувство и право на избор“, рече министерот.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе