Ковид-19

Заострени мерки во Хрватска, прашање зошто се отворени црквите: „Пеењето е проблем“

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, претстави нови заострени мерки во борбата против коронавирусот. Тие стапуваат во сила в сабота и ќе траат најмалку до 21 декември.

EPA-EFE

Во Хрватска денес се потврдени 4.009 новозаразени, а 51 лице починале, што претставува најтежок ден од почетокот на епидемијата.

Една од мерките е дека на јавните собири смее да има до 25 луѓе, на приватните до 10. Јавните собири можат да траат до 22 часот. Нема свадби. На погребите смее да има до 25 луѓе. На собирите мора за секое лице да има четири метри квадратни површина. Просторите за собирите мора да се дезинфицираат.

Пополнетоста на јавниот превоз не смее да биде над 40 отсто. Возачите и патниците мора да имаат маски. Контролата ќе ја спроведуваат инспектори.

На влезот во продавниците мора да се истакне известување за бројот на купувачите што е дозволен во исто време. Задолжителна е примената на засилените мерки на хигиена. Ограничувањето за пекарниците е до 22 часот. По 22 часот е забрането и продавање алкохол.

Забранети се саемите, како и обложувачниците. Забранета е и работата на рестораните и кафулињата, освен во хотелите. Доставата е дозволена.

Се сопираат тренинзите освен за највисоките степени на натпреварување. Се затвораат салите за вежбање и спортските центри. Забранети се пробите на аматерските групи, што е однесува и на црковните хорови. Се затвораат игротеките и школите за танц, а во киносалите нема консумирање храна.

Училиштата за странски јазици може да функционираат онлајн.

Новинарите на прес-конференција го прашаа Пленковиќ зошто се затвораат салите и се откажуваат концертите, а црквите остануваат отворени.

„Па многу едноставно, ако внимателно ме слушавте, но сепак беше долга презентацијата. Нема хорови во црквите. Од сабота ќе ги нема. Значи ќе ги нема. Пеењето е проблем, значи многу конкретно, пеењето е проблем, па го нема ни во опера, ни на мјузикл, ни во црква“, кажа хрватскиот премиер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе