Заострени мерки во Црна Гора: во кафуле или ресторан само со ковид-потврда или тест

Во кафулињата и рестораните во Црна Гора од полноќ ќе може да се влезе само со потврда за вакцинирање, негативен ПЦР тест, брз антигенски тест или потврда дека гостинот го преболел вирусот во последните шест месеци, гласи одлуката која црногорските власти ја објавија денес.

EPA-EFE

Истите услови важат и за влез во ноќните клубови и дискотеки без оглед дали работат на отворено или затворено, додека сите вработени во угостителските објекти мора да исполнуваат еден од овие услови.

Црна Гора минатата недела ја забрани работата на ноќните клубови откако бројот на заболените од коронавирусот нагло порасна. Таа земја во последните три дена бележи близу 150 заболени на ден, од кои во просек се 10 отсто туристи.

Од околу 1.100 заболени во Црна Гора речиси третина се во Будва, црногорската престолнина на туризмот. Црногорските граници од почетокот на годината се отворени за туристите од ЕУ, и од Источна Европа, па земјата бележи значителна туристичка посета, која ги надминува очекувањата на владата.

Новиот делта сој сè уште не е потврден во Црна Гора, но, како што соопшти црногорскиот Институт за јавно здравје, се верува дека е присутен и се чекаат наодите од примероците испратени во странство на анализа бидејќи Црна Гора нема лаборатории кои би можеле да го потврдат неговото присуство.

Црна Гора досега имунизираше околу 37 отсто од возрасните. Според анализата на тамошните епидемиолози, од речиси 10 илјади Црногорци кои се заразиле со коронавирусот од 1 април, 98 отсто не биле вакцинирани со две дози вакцина, додека 770 се заразиле меѓу првата и втората доза.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе