Заобиколувајќи го Конгресот, Трамп потпиша извршни укази со кои се прошируваат некои бенефиции од коронавирусот

Указите би можеле да се соочат со правни битки околу трошењето пари на даночните обврзници без одобрение од Конгресот.

Фото: ЕПА

Американскиот претседател Доналд Трамп без одобрение од Конгресот потпиша четири извршни укази што им обезбедуваат економска помош на милиони Американци што ги загубија своите работни места по избувнувањето на пандемијата на ковид 19.

На прес-конференцијата Трамп објави дека, благодарение на декретите, ќе продолжат плаќањата федерална помош на невработените.

„Помошта беше 600 долари неделно, а сега ќе изнесува 400 долари, и тоа го правиме без демократите“, рече Трамп и побара од државите да покријат 25 проценти од трошоците.

Со указите се овозможува и прекин на плаќањата данок на доход за Американците што заработуваат помалку од 100.000 американски долари годишно. Продолжено е одложувањето на наплатата на студентски заеми, како и мораториумот за иселување на станарите што не можат да плаќаат наемнина.

Претседателот во петокот вечерта рече дека „ако демократите продолжат да ја држат оваа клучна помош како заложник, јас ќе постапам според моја надлежност како претседател за да им ја дадам на Американците помошта што им е потребна“.

Тимот на кампањата на претседателот верува дека економијата треба да се стабилизира и да покаже знаци на раст за тој да има и најмали шанси да победи на изборите во ноември.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе