Залутан куршум уби 12-годишно девојче во Шведска

Поради смртта на 12-годишно девојче кое загина откако била погодена од залутан куршум во Шведска, повторно започнаа раправите за сузбивање на насилството на локалните банди.

Фото: ЕПА

Според извештаите на медиумите, неименуваното девојча е убиено во неделата за време на пукање што се случило во близина на бензинска пумпа. Истрагата е во тек.

Детали за тоа што се случило не се официјално потврдени, но локалните медиуми јавуваат дека вооружени лица пукале во двајца членови на криминална банда и дека немале намера да го погодат детето, пишува Би-би-си.

Граѓаните вчера поставија цвеќиња и свеќи на местото на настанот, а дел од нив повикаа на построга акција против насилството на бандите.

„Ова не смее да се повтори. Загина 12-годишно девојче“, рече една жена за АФП.

Шведска минатата година објави дека формирала посебна работна група за борба против насилството меѓу бандите. Полицијата доби дополнителни надзорни овластувања, а казните за злоупотреба на дрога и оружје се зголемени.

Според податоците на шведската полиција, во првите шест месеци од оваа година во 163 пукања убиени се дваесет лица. Во 2019 година биле убиени 42 лица во 334 пријавени престрелки.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе