Заложничка криза во Украина: маж грабна автобус полн со патници, се заканува дека ќе го разнесе (ФОТО+ВИДЕО)

Во украинскиот град Луцк маж вооружен со експлозив и оружје држи како заложници 20 патници на автобус и се заканува дека ги разнесе.

Screenshot

Центарот на градот е затворен за сообраќај, пренесуваат руските медиуми.

Началникот на регионалната полиција Јуриј Крошко соопшти дека засега нема информации дека некој е повреден.

Мажот кој го киднапирал автобусот со 20 заложници сега се заканува дека далечински ќе ја активира експлозивната направа која е подметната на некое друго место, соопшти канцеларијата на државниот обвинител, а пренесува РИА Новости.

Тој кажа дека автобусот е миниран, и дека уште една експлозивна направа се наоѓа на друга локација и може да се активира далечински.

Обвинителството наведе дека од грабнатиот автобус се испукани неколку куршуми и дека два прозорци се оштетени.

Според Крошко, напаѓачот на Твитер изнел општи барања и се жалел на системот.

Полицијата го утврди идентитет на киднаперот, а случајот се води како „земање заложници“, за што е предвидена казна затвор од седум до 15 години.

Легенда под Главна слика

Screenshot

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе