Закани со смрт за словенечкиот премиер и министерот за одбрана

Словенечкиот премиер Јанез Јанша и потпретседателот на владата и министер за одбрана Матеј Тонин на домашните адреси добиле писма со закани со смрт.

EPA-EFE

Како што јавија словенечките медиуми, во писмата имало и куршуми од поголем калибар.

Премиерот Јанез Јанша добил, меѓу другото, и негова фотографија со исцртана мета во писмото.

Непознатиот испраќач исцртал мети и на фотографија на неговото семејство. Над фотографијата имало предупредување дека „тимовите ја чекаат командата“. Тој додал дека премиерот „прв ќе падне“ и дека истата судбина ги чека поддржувачите на неговата влада. Според словенечките медиуми, случајот веќе го истражува полицијата.

Министерот за одбрана Матеј Тонин потврдил за Н1 Словенија дека добил писмо со закана и куршум. Заканата, меѓу другото, гласела: „Мислите дека војската ќе ви помогне. Нема кога ќе ти судиме на популарен начин. И тоа време наскоро доаѓа. Директно во глава“.

Непознатиот испраќач му напишал дека нема да му помогне ни да се пресметува која страна би била подобра.

„Нема да ги чекате изборите за да можете да изберете страна. Го поддржувате Јанша. Не можете да го поправите тоа. Ги знаеме вашите начини, не грижете се. Обезбедувањето нема да може да ви помогне бидејќи ќе биде пребрзо. Кошулата нема да ви биде кафена, туку нешто друго“, пишувало во писмото.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе