Поради ескалацијата во Идлиб

Закана од советник на Ердоган: „Војувавме против Русија 16 пати, повторно ќе војуваме“

Советникот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Месут Хаки Часин, навести дека Анкара е спремна на можна војна со Русија.

Изјавата доаѓа откако тензиите во сириската провинција Идлиб ескалираа во последните 24 часа, пишува Раша тудеј.

„Во минатото војувавме против Русија 16 пати и повторно ќе војуваме“, кажа тој.

Советникот на турскиот претседател укажа на значителното муслиманско население и тврди дека земјата „ќе се распадне одвнатре“ доколку избое оружен судир меѓу Москва и Анкара.

НАТО денес одржа итна средба на која разговараше за ситуацијата во Идлиб, на барање на својата членка Турција. Функционерите во Анкара ветија дека ќе му се одмаздат на Дамаск по нападот.

Претходно денес рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор се согласија дека треба да се воведат нови мерки за да се намалат тензиите и да се нормализира ситуацијата на северозападот на Сирија, соопшти Кремљ.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе