Портпаролката на руската дипломатија

Захарова: Западот вештачки ја одолговлекува војната

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова порача дека Западот вештачки ја одолговлекува војната во Украина.

EPA-EFE

„Западот продолжува да ја ескалира ситуацијата, вештачки ја одолговлекува специјалната воена операција пружајќи му на Киев не само воена помош туку и, нормално, политичка поддршка“, кажа Захарова.

Таа напомена дека одлуката на самитот на Европската Унија на Украина да ѝ се додели статус на кандидат за членство во ЕУ е уште еден пример на дејствувањето на западните режими да ја користат територијата на Украина како оружје за зауздување на Русија.

Захарова додаде и дека одлуката на Бугарија да протера руски дипломати е донесена на барање на надворешни сили.

„Ова не е направено во интерес на Бугарија, ниту е во интерес на граѓаните на Бугарија. Тоа е направено по наредба на надворешни сили“, порача таа.

Според неа, овие надворешни сили, под лажни изговори, се трудат да ги изиграат земјите во Европа во конфликт со Русија, цинично манипулирајќи со несамостојните влади и политичари. Таа кажа дека Русија го задржува правото да возврати со политички и дипломатски мерки по протерувањето на 70 руски дипломати и административен персонал од Бугарија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе