Захарова: Западот мора да сфати, Киев има терористички менталитет

Портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова кажа дека терористичката активност на властите во Киев е дел од нивната идеологија.

EPA-EFE

Таа додаде дека тоа треба да го знаат граѓаните на земјите кои на Украина ѝ испраќаат пари и оружје.

„Западот мора да сфати: вмешаност на киевскиот режим во терористичка активност не е случајност и не е изолиран случај. Тоа дури не е ни норма на однесување. Сè е многу посериозно. Тоа е неонацистички менталитет во комбинација со тероризам како инструмент за реализација на злосторничката идеологија“, порача Захарова.

Како што истакна, токму на таков режим му се испорачува вооружување.

„Тоа мора да го знаат сите граѓани чии влади му пишуваат чекови на Зеленски“, порача Захарова.

Во саботата вечерта во експлозија на автомобил беше убиена руската новинарка и политиколог Дарја Дугина. Таа загина на лице место.

Федералната служба за безбедност на Русија соопшти дека зад убиството на руската новинарка стојат украинските специјални служби, а извршител е државјанката на Украина Наталија Вовк.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе