Германската одлука за испраќање тенкови на Украина ја опиша како „потврда дека Западот ја испланирал војната против Русија“.
Западните земји и до сега ја снабдуваат Украина со оружје, но денешната одлука за испраќање тенкови „леопард“ е чекор подалеку во воената помош за Киев. Се очекува и американскиот претседател Џо Бајден неделава да ја објави одлуката на Вашингтон за испраќање американски тенкови „абрамс“ во Украина.