По изјавата на бугарскиот премиер во заминување

Захарова: За смената на Петков се одговорни и Бетмен и Жената-мачка

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова денес иронично ги коментираше обвинувањата на сега веќе поранешниот бугарски премиер Кирил Петков дека за неговото заминување од функцијата е виновна руската амбасадорка Елеонора Митрофанова и кажа дека на списокот на „виновници“ недостигаат уште некои измислени филмски ликови.

EPA-EFE

„Недостигаат уште само Бетмен и Жената-мачка. Мислам, човекот се изморил, почнал да блада“, кажа Захарова иронично.

Откако бугарскиот парламент ѝ изгласа недоверба на владата на Петков, тој вината ја префрли на тројца политичари и Митрофанова.

Петков ги прозва бизнисменот и поранешен пратеник Делјан Пеевски, лидерот на партијата ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов и Слави Трифонов чија партија Има таков народ претходно ја напушти владејачката коалиција.

Партијата ГЕРБ го иницираше гласањето недоверба на владата.

Петков кажа дека сакал да ги брани интересите на земјата, а дека активностите на опозициската партија Препород довеле до продор на руските интереси.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе