Портпаролката на руската дипломатија

Захарова за изјавата на Макрон за „клиничката смрт“ на НАТО: „Златни зборови“

Официјалната портпаролка на министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова изјавата на претседателот на Франција Емануел Макрон дека НАТО е „клинички мртво“ ја нарече вистинска сотојба на Северноатлантската алијанса.

„Златни зборови. Вистински зборови кои ја одразуваат вистинската состојба во НАТО. Меѓутоа, постои едно „но“.Како конкретно Европа може да ја контролира својата судбина? 20 век – две светски војни, 19 век и понатаму наназад низ вековите – бескрајни локални војни и „извоз на идеологии“ со помош на оган и меч“, напиша Захарова на Фејсбук.

Според неа, процесите кои настанаа по потпишувањето на „точките на Вудро Вилсон“ во 1918 година кои минаа низ „калење“ во Втората светска војна, кои се развија во економска и политичка интеграција на Европа, помогнаа да се излезе на крај со главните задачи – да се сопрат бескрајните европски поделби. Но притоа тие доведоа до криза на идентитетот и развојот.

Францускиот претседател Макрон за Економист изјави дека НАТО „паднало во кома“, а дека Европејците не можат да сметаат на воена помош од САД.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе