Захарова: Украинците се спремни да ја спржат нуклеарната централа во име на своите нацистички идоли

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова ја обвини Украина дека „ја држи Европа како заложник“ со ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје на југот на Украина.

EPA-EFE

Нуклеарната централа од март е под контрола на руските сили, а во последните денови Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранатирање и ракетирање на областа Запорожје. Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) е повикана во инспекција на нуклеарката.

„Лидерите на Обединетите нации и ИАЕА не се осмелуваат директно да именуваат кој е заканата. Јасно покажуваат дека не се спремни со прст да покажат кон Киев“, кажа Захарова.

„Ја држат цела Европа како заложник и немаат ништо против да ја спржат нуклеарната централа во име на своите нацистички идоли“, истакна Захарова.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе