„Таквите чекори нема да останат без наш соодветен одговор“, рече Захарова, пренесува Taсс.
Како што истакна таа, објаснувањата со кои ЕУ ја оправдува ваквата одлука „не држат вода и се на работ на апсурд“.
„Се разбира, не се зборува за било каков вистински доказ“, истакна Захарова.
ЕУ денес воведе санкции против шест руски функционери и еден субјект „за употреба на хемиско оружје“, како што се наведува, односно труењето со Новичок и „обидот за убиство на Алексеј Навални“.
Усвоените рестриктивни мерки се состојат од забрана за патување во ЕУ и замрзнување на имот, а на поединците и субјектите на ЕУ им е забрането да ставаат средства на располагање на оние кои се санкционирани.