Портпаролката на руската дипломатија

Захарова: Судејќи според вооружувањето, САД планираат да ги поттикнуваат непријателствата во Украина до 2025-та година

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова кажа денеска дека врз основа на објавените податоци од американските договори за вооружувањето може да се заклучи дека Вашингтон има намера да ги поттикнува непријателствата во Украина најмалку до крајот на 2025-та година.

EPA-EFE

Вашингтон планира да ги подгрева непријателствата во Украина најмалку до крајот на 2025-та година. Нивниот план е заснован врз документите кои не ги кријат од никого“, нагласи Захарова, пренесува ТАШ.

Захарова наведува и дека администрацијата на Бајден има намера да го убеди Конгресот во буџетот за 2023 година да вклучи и дополнителна помош за Киев во износ од 37 милијарди долари, а најголемиот дел од овие средства ќе биде наменет за украинската војска.

„САД ја контролираат Украина и на неа гледаат како на средство за постигнување на сопствените геополитички цели во конфронтацијата со Русија“, истакна Захарова.

Американскиот конгрес го усвои вчера предлог-законот за националната одбранбена политика за 2023 година со вкупна вредност од 858 милијарди долари, врз основа на кој следната година ќе биде пратен во Украина нов пакет на безбедносна помош, пренесе Ројтерс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе