Захарова со предупредување до Јутјуб: Ако ни блокирате уште едно видео...

Новинари од западните земји ќе бидат протерани од Русија доколку Јутјуб го блокира пристапот до снимки од прес-конференциите на руското Министерство за надворешни работи, изјави денеска портпаролката на министерството Марија Захарова.

Фото: ЕПА

Захарова на дискусијата посветена на „улогата на интернет платформите во судирот на Русија со Западот“ рече дека неколку нивни брифинзи биле блокирани од Јутјуб.

„Она што го направивме беше ова - едноставно дојдовме и рековме: Ако ни блокирате уште едно видео, еден новинар или еден американски медиум ќе си оди дома. Тоа е тоа... Доколку уште еден брифинг е блокиран, ќе именуваме одредено име или одреден медиум кој ќе си оди дома“, рече Захарова.

Таа не прецизираше кога и кои нивни брифинзи биле блокирани на Јутјуб.

Захарова додаде дека Москва работи на „мерки против медиумите на англиски јазик“ поради она што го смета за „непријателско делување на странски влади кон медиумите на руски јазик“.

Коментарите на Марија Захарова доаѓаат во време откако руските пратеници го одобрија законот со кој обвинителството има овластување да затвора странски медиуми доколку оценат дека одредена западна земја од која доаѓаат медиумите е „непријателска“ кон Русија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе