Захарова: Што треба да се случи да проработи Северен тек 1? Тоа го знаат и малите деца

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Соединетите Американски Држави ја „разгоруваат кризата“ во снабдувањето со гас на Европа, со тоа што ги туркаат европските лидер да направат погубен чекор и да ја прекинат економската и енергетска соработка со Русија.

EPA-EFE

На прашањето на Ројтерс што треба да се случи за гасоводот Северен тек 1 повторно да почне да работи, Захарова истакна дека одговорот на тоа прашање го знаат и малите деца, а тоа е дека оние кои тоа го почнале, мора и да го завршат.

„Влијанието на Вашингтон во Европа надвладеа“, укажа Захарова на маргините на Источноевропскиот економски форум во Владивосток.

САД и Европската Унија ја обвинија Русија за енергетска уцена откако Москва ги редуцираше испораките на гас за Европа.

Европа е соочена со досега најголемата криза во снабдувањето со гас, зголемување на цените на енергенсите, а Германија размислува за ограничување на потрошувачката.

Русија соопшти дека постојат технички проблеми на гасоводот Северен тек.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе