Портпаролката на руската дипломатија

Захарова: САД го дестабилизираат светот

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова ги обвини денес Соединетите Американски Држави дека го дестабилизираат светот.

EPA-EFE

Таа тоа го кажа коментирајќи ги тврдењата дека Кина го прекинала увозот на одреден број тајвански прехранбени производи поради можната посета на Тајван на претседателката на долниот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси.

„Вашингтон носи дестабилизација во светот. Ниеден конфликт не е решен во изминатите децении, а многу од нив се испровоцирани од САД“, наведе Захарова на Телеграм.

Блумберг претходно денес јави дека Кина вовела забрана за испорака на над 100 тајвански извозници на храна во обид да изврши економски притисок врз клучната индустрија на тој остров пред најавената посета на Пелоси. Ројтерс, повикувајќи се на неименувани извори, јави дека Пелоси денес би требало да допатува на Тајван.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе