„Долга низа години правевме сè за да спречиме ситуацијата во Украина да се влоши и за да избегнеме насилно сценарио“, кажа Захарова.
Захарова истакна дека договорите од Минск биле прилика за Киев, но дека украинските власти од самиот почеток немале намера да го спроведат договореното.
„Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Алексеј Данилов претходно неделава даде изјава дека киевскиот режим никогаш немал никакви планови за спроведување на договорите од Минск“, кажа Захарова.