Захарова: Русија беше јасна околу целта на своите специјалци во Венецуела

Русија соопшти дека нејзините „специјалисти“ не претставуваат никаква закана за регионалната стабилност и го отфрли барањето на Вашингтон да го повлече својот воен персонал од Венецуела, пренесува Ројтерс.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Русија била јасна околу прашањето на „специјалците“ кои ги испратила во Венецуела според договорот за воено-техничка соработка, отфрлајќи ја загриженоста на САД за нивното присуство.

„Руската страна јасно ја назначи целта на доаѓањето на специјалците во Каракас. Тука не станува збор за никакви воени контингенти“, соопшти Захарова.

„Значи, шпекулациите за изведување одредени „воени операции“ на Русија во Венецуела се апсолутно неосновани“, истакна таа.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе