Захарова: Путин не го кажа она што го тврди Бајден, погрешно го цитираше

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова го опиша говорот на Џо Бајден во ОН како непристоен и го обвини американскиот претседател дека погрешно го цитирал Путин.

Фото: ЕПА

„Во врска со говорот на претседателот на Соединетите Американски Држави, сметам дека е целосно непристојно како започна тој говор. Непристојно не затоа што немаат право да зборуваат или немаат право да допираат други земји, туку е непристојно затоа што тој тврдеше да го цитира претседателот на Русија. Ние, како и секогаш, почнавме да ги проверуваме зборовите на Бајден по два пати. Бајден сигурно го кажа тоа, но претседателот на Русија не кажа така како што пренесе Бајден“, изјави Захарова, пренесе руската државна новинска агенција РИА Новости.

Таа додаде дека Путин го кажал целосно спротивното од она што го пренесоа Бајден и американските медиуми. „Тоа е нивната пропаганда“, рече таа.

Бајден изјави дека „Нема победници во нуклеарна војна и таква војна никогаш не треба да се води“.

Американскиот претседател додаде дека никој не ѝ се заканувал на Русија, иако таа го тврди спротивното и дека само Русија сака конфликт. Тој вети дека САД ќе останат покрај Украина.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе