Захарова: Прага знае што следува по протерувањето на дипломатите

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, синоќа изјави дека Чешка ги знае последиците од протерувањето на руските дипломати.

Фото: ЕПА

„Прага е свесна што следува по ваквите трикови“, изјави Захарова за агенцијата Тасс.

Вчера чешкиот министер за надворешни работи Јан Гамачек соопшти дека неговата земја протерува 18 руски дипломати.

Тој објасни дека се обвинети дека работеле за специјалните служби.

Според министерот, руските дипломати се должни да ја напуштат земјата во рок од 48 часа.

Се огласи и премиерот на Чешка, Андреј Бабиш, кој рече дека Прага ги обвинува руските специјални служби дека се одговорни за експлозијата во магацинот за муниција во Врбетица во 2014 година.

„Постои основано сомнение, направена е огромна штета. „Како прво, таму загинаа наши граѓани“, рече Бабиш.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе