Портпаролката на руската дипломатија

Захарова: Основачот на сириските „Бели шлемови“ е британски шпион, соработувал со Ал каеда, бил на Косово

Русија бара од Британија да добие објаснување околу тврдењата дека основачот на организацијата „Бели шлемови“ е поранешен агент на британската контраразузнавачка агенција МИ6.

Се наведува дека, меѓу другото, тој соработувал со Ал каеда додека бил активен на Косово.

Таа објасни дека станува збор за Џејмс ле Мезурие, кој бил присутен во многу земји низ светот при конфликтни ситуации, меѓу другото и на Балканот, но и на Блискиот Исток.

„Истражувањата укажуваат дека тој поранешен агент кокетирал со терористички организации додека бил активен на Косово. Меѓу другите, во неговиот тим имало и припадници на Ал каеда“, истакна Захарова.

Со ова Захарова даде коментар на изјавата на заменикот на британскиот министер за надворешни работи Ендрју Марисон за тоа дека претставниците на „Белите шлемови“ наводно станале објект на дезинформациската кампања која ја спроведуваат властите на Русија и Сирија.

„Белите шлемови“ имаат голема поддршка од Западот со објаснување дека таа организација продонесува на спасувањето на цивилите во зоните во Сирија каде што се одвиваат борбите, додека сириските и руските власти тврдат дека токму тие спроведуваат непријателска пропагандна активност и соработуваат со екстремистите.

Русија и Сирија ги обвинуваат „Белите шлемови“ и дека се одговорни за провокацијата која му послужи на Западот да го обвини Дамаск за употреба на хемиско оружје.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе