Захарова: Од прозорецот на Стејт департментот може да се види масакрот на полицијата врз демонстрантите (ВИДЕО)

Стејт департментот никого не може да поучува за почитување на човековите права среде бранот на полициска бруталност, рече претставничката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Фото: ЕПА

Таа особено истакна дека американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера одржа средба со преживеаните од протестот на плоштадот Тјенанмен.

„Од прозорецот на Стејт департментот во Вашингтон можете да го видите масакрот на полицијата над демонстрантите на плоштадот Тјенанмен, но се прашувам дали американскиот државен секретар ќе има што да им каже на своите гости за американските достигнувања во областа на човековите права“, праша Захарова.

Претставничката на руското Министерство за надворешни работи истакна дека во овој момент Соединетите Држави можат да се пофалат само со незаконски и брутален третман на новинарите, кои секојдневно се бомбардираат со солзавец и со салви гумени куршуми од полициските пушки.

„Тие можат да бидат горди што повеќе од 100 американски и странски новинари беа изложени на малтретирање од рацете на американските полицајци“, заклучи Захарова.

Претходно, руското Министерство за надворешни работи ги повика релевантните меѓународни организации да реагираат на зголемениот број случаи на полициско насилство врз новинари што известуваат за протестите низ САД, како и на систематско кршење на човековите права во САД, што доведе до масовни протести низ Соединетите Држави.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе