Захарова: Нема да се повлечеме од нуклеарната централа Запорожје, таа се наоѓа на руска територија

Руското Министерство за надворешни работи реагираше на предлозите на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) за создавање на демилитаризирана и заштитена зона околу нуклеарната централа Запорожје, пишува Си-ен-ен.

Фото: ЕПА

Портпаролката на министерството Марија Захарова одговори на прашањето на руска новинска агенција за статусот на електраната окупирана од руските сили на почетокот на март и можноста таа да дојде под контрола на „трета страна“.

„Не станува збор за какво било повлекување од нуклеарната централа Запорожје. Таа останува под руска контрола и нема да биде предадена на никоја 'трета страна'. Електраната се наоѓа на руска територија и е целосно под руска контрола. Веруваме дека само ние можеме да обезбедиме физичка и нуклеарна безбедност на електраната Запорожје“, им одговори Захарова на новинарите.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе