Захарова: Негираат дека има рецесија во САД, па измислуваат термини

Американските власти упорно негираат дека во таа земја има рецесија и едноставно престануваат да го користат тој термин, искоментира портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

EPA-EFE

„Белата куќа ја негира рецесијата во Соединетите Американски Држави. Тврдоглаво остануваат на своите тврдења, се караат со своите новинари, одмавнуваат со главите, се лутат, одбиваат да одговорат на дополнителните прашања за тоа што е тогаш „рецесија““, напиша Захарова на Телеграм.

„Знаете ли како во САД ја завршија економската депресија: Тие едноставно престанаа да го користат тој збор. Како и зборот „паника“ во контекст на економската криза. Нема збор – нема проблем. Така, очигледно, решија и овој пат: едноставно го укинаа зборот „рецесија““, оцени Захарова.

Таа потсети дека поимот „рецесија“ настанал на крајот на триесеттите години на 20 век, „кога САД минуваа низ уште една тешка депресија“,

Меѓутоа, како што кажа, политичарите, политичките аналитичари и финансиерите со индустријалците одлучиле да го исфрлат од употреба зборот „депресија“ и да го воведат поблагиот термин „рецесија“.

„Едноставно го извлекоа стариот трик и повторно го користат“, заклучи Захарова.

Според неа, претходно „американските политички еквилибристи ги спасуваа фрази како „пад“, „успорување“, а сега ситуацијата е толку катастрофална што се измислени термините „Путинов данок“, Путинови цени“ и слично“.

„Сигурна сум дека маркетинг експертите кои ги ангажира Белата куќа ќе измислат нешто како „надворешна рецесија“ или „рецесиски интервенции на Кремљ““, иронично искоментира Захарова.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе