„Политизираната одлука на Софија за неоправдано намалување на нашиот дипломатски персонал во Бугарија сигурно нема да помине без билатерален одговор“, рече Марија Захарова во соопштението на Министерството.
Оценувајќи дека бугарското протерување оди многу подалеку од дипломатската практика, таа ги повика Софија и ЕУ „да размислат за принципот на реципроцитет, кој е основа на дипломатските односи“.
Европската дипломатија „треба да разбере дека непромислената поддршка на антируските акции од различни земји-членки ја принудува ЕУ да преземе одговорност за последиците, вклучително и кога станува збор за одмазднички мерки од наша страна“, рече Захарова.
Во петокот руската амбасадорка во Софија предвиде затворање на руската амбасада во земјата по одбивањето на Бугарија да ја промени одлуката за протерување на 70 руски дипломати.
Станува збор за досега невиден број луѓе протерани од Бугарија, членка на ЕУ и НАТО, но традиционално блиска до Русија.
ЕУ го изрази своето жалење поради „неоправданата закана на Русија да ги прекине дипломатските врски со Бугарија“, опишувајќи ја таа мерка како „несразмерна“.