Захарова: Косово не е држава и тоа е очигледно. Не успеаја

Косово не е држава и тоа е очигледно, само станува збор за обид на одредени држави да го протуркаат признавањето, изјави портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.

„Тоа не е држава, и тука постои и политички аспект. Вие го знаете ставот на Русија дека станува збор за грубо кршење на меѓународното право, суверенитетот и територијалниот интегритет. Сето тоа е пропишано во соодветните резолуции на Советот за безбедност на ОН“, кажа Захарова на редовната конференција за медиуми.

Таа додаде дека земјите признавајќи го Косово како суверена држава, грубо ја прекршиле Повелбата на Обединетите нации.

Захарова истакна дека ниту во реалноста, ниту правно, Косово не постои како држава.

Според неа, изјавите за тоа дека Косово е држава остануваат само на зборови, бидејќи тоа е спротивно на меѓународното право.

„Не успеаја“, истакна таа.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе