Откако судот ја забрани неговата организација

Захарова го обвини Навални дека е американски играч

Со движењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални управуваат Соединетите Американски Држави, изјави денес портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова по американските критики за забраната на организацијата на критичарот на Кремљ.

EPA-EFE

Захарова оцени дека брзината со која Вашингтон ја осуди синоќешната одлука на руското правосудство да ги забрани организациите на Навални покажува дека тој е всушност „американски агент“.

„Два часа подоцна издаваат специјална изјава. Тие покажуваат таква политичка ревносност бидејќи дојдовме до оние кои ги надгледуваат, оние кои ги поддржуваат, политички и на други начини“, кажа Захарова.

Навални, кој е во затвор од јануари, и неговите поддржувачи, негираа каква било поврзаност со западните сили, оценувајќи ги обвинувањата како лаги со цел за нивна дискредитација. Кремљ смета дека Навални соработува со странски разузнавачки служби.

Русија спроведе голема правосудна офанзива врз противниците, особено врз блиските соработници на Навални по неговото апсење во јануари кога се врати од лекување од Германија.

Прогласувањето на организацијата на Навални за екстремистичка отвора пат за исклучување на неговите поддржувачи од парламентарните избори во септември.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе