Захарова: ЕУ и САД направија робови од Украинците

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска на радио Спутник рече дека постапките на земјите од Европската Унија и САД ја довеле Украина во робовска позиција во однос на Западот.

Фото: ЕПА

Захарова ги коментираше зборовите на германската министерка за надворешни работи Аналена Бурбок, која тврди дека изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека Русија „ќе му помогне на народот на Украина да се ослободи од антинародниот и антиисторискиот режим на Киев“ укажува на намерата на Русија целосно да ја потчини Украина.

„Можам да ѝ одговорам дека постапките на нејзината земја, заедно со постапките на земјите од ЕУ и САД, штотуку ги направија Украина и украинскиот народ целосно ропски зависни од западните земји“, рече Захарова.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров пред два дена, спротивно на претходните изјави, рече дека крајната цел на Москва е да ја собори владата на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во разговор со претставниците на земјите на самитот на Арапската лига во Каиро, Лавров рече дека Москва е решена „да им помогне на Украинците да се ослободат од товарот на овој апсолутно неприфатлив режим“.

Лавров ги обвини Киев и западните сојузници дека „шират пропаганда со цел Украина да ѝ стане вечен непријател на Русија“, пренесува АП.

„Рускиот и украинскиот народ ќе продолжат да живеат заедно. Ние секако ќе му помогнеме на украинскиот народ да се ослободи од режимот, кој е апсолутно антинационален и антиисториски“, додаде Лавров.

Изјавите на шефот на руската дипломатија се во спротивност со официјалните тези на Кремљ од почетокот на војната, кога руските официјални лица постојано нагласуваа дека целта на инвазијата на Русија не е соборување на владата на Володимир Зеленски.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе