Захарова до Западот: Вие го предизвикавте ова. Сега сме на работ на нуклеарен конфликт

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова повторно ја споменува нуклеарната војна.

Фото: ЕПА

„САД и нивните сојузници се на работ на отворен воен конфликт со Москва, кој би бил полн со нуклеарни тензии“, рече Захарова, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

„По предизвикувањето ескалација на украинската криза и започнувањето насилна хибридна конфронтација со Русија, Вашингтон и неговите сојузници опасно балансираат на работ на отворен воен конфликт со нашата земја, што значи директен вооружен конфликт меѓу нуклеарните сили. Јасно е дека таков конфликт би бил преполн со нуклеарна ескалација“, додаде таа.

Захарова, исто така, ги критикуваше обидите на Јапонија да ја прикаже Русија како земја која се заканува со нуклеарно оружје.

„Тие сакаат да нè прикажат како земја која се заканува со употреба на нуклеарно оружје. Ова е неприфатливо“, посочи таа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе