Захарова до Литванија: Нашиот одговор нема да биде дипломатски, ќе биде практичен

Одговорот на Москва на одлуката на Литванија да го блокира рускиот транспорт на стоки кон Калининградската област повикувајќи се на санкциите на Европската Унија нема да биде од дипломатска, туку од практична природа, порача денес портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

EPA-EFE

„Едно од главните прашања е дали нашиот одговор ќе биде исклучиво дипломатски. Одговорот е: не! Тој ќе биде практичен“, порача Захарова на прес-конференција.

Таа не сакаше да ја прецизира природата на практичните мерки кои Русија планира да ги преземе против Литванија.

„Што се однесува до можните контрамерки, тие се разработуваат во меѓуресорен формат. И Литванија и ЕУ преку своите дипломатски мисии во Москва се известени дека таквите акции се недозволиви и дека преземените чекори треба да се поништат и да се доведе ситуацијата назад на легален, легитимен колосек. Ако тоа не се направи, тогаш, нормално, возвратните потези ќе бидат неизбежни, што е истакнато на сите ниво во Москва“, кажа Захарова.

Литванските власти соопштија на 18 јуни дека од тој ден стапува на сила забраната за транзит на стоки под санкции на ЕУ преку нивна територија кон руската ексклава Калининград.

На листата на санкции на ЕУ се наоѓаат јагленот, металите, градежните материјали и напредната технологија, а забраната опфаќа 50 отсто од стоките кои Калининград ги увезува.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе