Захарова: Америка имаше „ѓаволски план“ во Украина, беше вклучен и синот на Бајден

Американската воено-биолошка активност во Украина беше „ѓаволски план“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова. 

Фото: ЕПА

Таа изнесе и хронолошки список на американските активности во Украина во воено-биолошка насока. Отворените извори, како и документите протечени на интернет, вклучително и преку Викиликс, даваат приближна претстава за степенот на вклученост на американските политички елити во воено-биолошката активност во Украина, напиша Захарова на Телеграм во пост со наслов „БиоБајден“.

„Има премногу празнини во овој навистина ѓаволски план што допрва треба да се пополнат“, рече Захарова, нагласувајќи дека списокот не е сеопфатен.

Таа вели дека во 1991 година Соединетите Држави почнале програма за земјите од поранешниот СССР со цел да го контролираат советското оружје за масовно уништување, вклучително и биолошкото.

Две години подоцна, бил потпишан украинско-американски договор за да се спречи ширењето на оружјето за масовно уништување.

Потоа следувал Дополнителен протокол кон Пактот на Министерството за здравство на Украина и Агенцијата за намалување на одбранбените закани на американското Министерство за одбрана за спречување на ширењето технологии, патогени и знаења што може да се користат во развојот на биолошкото оружје, потпишан во 2005 година.

Според Захарова, тоа било почеток на реалниот пренос на воено-биолошкиот потенцијал на Украина во рацете на американските експерти.

Таа рече дека големи американски компании во воено-индустрискиот комплекс биле вклучени во воено-биолошки активности во Украина во 2000 година, а од 2005 до 2014 година компанија што работи за Агенцијата за намалување на одбранбените закани на Министерството за одбрана на САД изградила и надградила осум биолаборатории, вклучително и во Одеса, која е спонзорирана од 2011 година за проучување на „патогени што можат да се користат во биотерористички напади“.

„Соработникот на Пентагон, Нејтан Волф, во 2007 година ја основа биомедицинската компанија Глобален институт за вирусно прогнозирање, чија цел беше непрофитно тестирање на прекугранични инфекции, вклучително и во Кина“, рече Захарова.

Таа рече и дека синот на американскиот претседател Хантер Бајден и посинокот на поранешниот американски државен секретар Џон Кери, Кристофер Хајнц, во 2009 година ја основале инвестициската компанија „Розмонт Сенека партнерс“, а по државниот удар во Украина во 2014 година, помладиот Бајден се приклучил во одборот на директори на украинската енергетска компанија „Буризма холдингс“, а истата година приватната непрофитна организација „Метабиота“ се одделила од компанијата „Глобал Вирал“ со цел да се испита ризикот од пандемија.

Според Захарова, американската државјанка Уљана Надежда Супрун била назначена за вршител на должноста министер за здравство на Украина во 2016 година, а програмата за соработка меѓу Пентагон и Министерството за здравство на Украина била „квалитативно проширена“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе