Загина едниот пилот од судирот меѓу германските воени авиони, другиот најден на дрво

Пилотот на едниот од двата германски воени авиони „еурофајтер“ што денес се судрија над североисточната држава Мекленбург-Западна Померанија загинал при падот.

Пилотот на другиот авион паднал во шумска област и спасувачките тимови го нашле на врвот на дрво и го пренеле во болница. Во шумата од падот бил предизвикан пожар, кој пожарникарите брзо го изгасиле.

Двата авиони, заедно со трет „еурофајтер“, биле во воздушна патрола, објави германската армија на Твитер.

Сè уште нема информации за причината за судирот.

Судрените авиони ѝ припаѓале на воздухопловната ескадрила 73 „Штајнхоф“, која е стационирана во базата Лаге во близина на Росток.

Околу 400 „еурофајтери“ - создадени од конзорциум на компаниите Ербас, БАЕ системи и Леонардо - се во служба со воени сили низ целиот свет, вели Еуроњуз.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе