Загадениот воздух предизвикува зголемен стерилитет низ Западен Балкан, потврдија научните истражувања

Долготрајната изложеност на загаден воздух во Западен Балкан може да ја намали плодноста на жените за повеќе од 10 проценти.

Фото: ЕПА

Европскиот фонд за Балканот, кој со партнерите во регионот ја спроведува кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“, рече дека долготрајната изложеност на загаден воздух во Западен Балкан може да ја намали плодноста на жените за повеќе од 10 проценти, истовремено зголемувајќи ги шансите за абортус.

„Овој месец, втората фаза од кампањата се фокусира на информирање на граѓаните за намалената плодност и зголемување на стапките на стерилитет кај жените и мажите низ целиот Западен Балкан, што е предизвикано токму од загадувањето на воздухот. Земјите од регионот веќе бележат константен пад на стапката на природен прираст и намалување на популацијата. Научните истражувања покажаа дека зачестеноста на спонтаните абортуси и мртвородените деца е значително поголема за време на изложеност на загаден воздух, а студиите покажуваат дека жените што живеат во загадени области имаат помалку витални јајце-клетки, имаат пониски стапки на плодност и повисоки стапки на неуспех при имплантација на ембрионот за време на ин витро-оплодување во споредба со оние што не се изложени на загаден воздух. Прашкастите материи ПМ 2,5 ја намалуваат плодноста кај жените, а загадените градови низ регионот бележат во просек двојно повеќе од годишните вредности, што може да ја намали плодноста и до 10 проценти“, велат од Европскиот фонд за Балканот.

Се додава дека кај мажите загадувањето со прашкасти материи стигнува до тестисите и предизвикува намалување на производството на сперма, помала подвижност на сперматозоидите, а абортусите во бременоста се почести поради програмираната клеточна смрт.

„Сулфатните соединенија произведени во процесот на согорување јаглен го зголемуваат ризикот од спонтан абортус и до 13 отсто, а неплодноста влијае и од загадувањето со пластика. Полистиренот, вид пластика што може да се најде во микро- и наносостојба во храната, водата и воздухот, влијае на раниот развој на ембрионот, што подоцна може да предизвика абнормален развој и предвремено породување. Воздухот загаден со прашкасти материи, тешки метали, микро- и нанопластика и други супстанции доведува до зголемена стапка на абортуси при ин витро-оплодување, бидејќи загадениот воздух ја намалува стапката на успех во лабораториите каде што се изведува овој процес“, се објаснува.

Учесниците во кампањата го повторуваат својот повик за итно решение на хроничниот проблем со загадувањето на воздухот што ги убива земјите од Западен Балкан:

* Напуштањето на употребата на јагленот за производство на електрична енергија е најважната мерка за подобрување на квалитетот на воздухот, а замената на камините во домаќинствата со еколошки решенија може да игра значајна улога.

* Ублажување на штетното влијание на загадениот воздух со намалување на употребата на пластика за еднократна употреба, како и замена на синтетичките влакна со природни.

* Надлежните институции треба да работат на политики за промовирање здрава бременост, со цел да се подобри знаењето на жените и мажите за процесот на бременост, а идните мајки да бидат во позиција подобро да се заштитат себеси и фетусот.

* Неопходно е да се обезбедат високоефикасни филтри за воздух во затворените простории, особено за посебни институции што се занимаваат со третман на стерилитет.

* Потребно е и подобрување на капацитетот на дијагностичките центри, како и спроведување заеднички студии што ќе користат податоци за следење и мерење на последиците од загадувањето на воздухот врз неплодноста, предвременото породување, болестите и смртноста на новороденчињата во Западен Балкан.

Кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ е иницијатива на Европскиот фонд за Балканот во партнерство со организации, Еко форум од Зеница, Институтот за територијално управување со животната средина во Тирана, Сбункер и Балкан Грин фондацијата во Приштина, Ер кер од Скопје, ОЗОН од Подгорица, Регулаторниот институт за обновливи извори на енергија и животна средина и Белградската отворена школа. Се спроведува втора година по ред, со цел да се подигне свеста на жителите од регионот за причините и последиците од загадувањето, можните начини за подобрување на квалитетот на воздухот и борбата за поздрава животна средина.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

повеќе