Забрзана вакцинација во Мадрид: Граѓаните чекаат и по три часа за да дојдат на ред

На стадионот „Ванда Метрополитано" во Мадрид, главниот град на Шпанија, забрзана е кампањата за вакцинација против новиот коронавирус.

EPA-EFE/FERNANDO VILLAR

Шпанија, која е далеку од целта до крајот на летото да вакцинира 70 проценти од населението во борбата против коронавирусот, со пристигнувањето на нови дози вакцини започна со вакцинирањето на поголем број граѓани.

Шест милиони дози вакцина би требало да пристигнат во Шпанија до крајот на април. Денес пристигнале 1,2 милиони дози, потврдија владините претставници.

Во Шпанија, која започна со вакцинација на 27 декември, околу 10 милиони луѓе ја примиле првата доза вакцина, а три милиони ја завршиле постапката за вакцинација.

Претставници на Министерството за здравство изјавија дека до пред неколку недели, неделно против ковид-19 биле вакцинирани околу 800.000 луѓе, а тој број во моментов изнесува помеѓу 1,3 и 1,5 милиони.

Во главниот град Мадрид, каде што бројот на заразени и смртни случаи е најголем во Шпанија, граѓаните се вакцинираат на стадионот „Ванда Метрополитано“.

Граѓаните во редици чекаат повеќе од три часа.

Марија Луиза Домингез Перез, медицинска сестра задолжена за координација на вакцинациите на стадионот, рече дека тие биле организирани на начин да вакцинираат околу 6.000 луѓе на ден.

Изјавувајќи дека 16 медицински сестри моментално вакцинираат на стадионот, Перез рече дека вакцинираат и 700 луѓе на час.

„Се подготвуваме да вакцинираме 10.000 луѓе на ден“, рече Перез.

Бројот на нови инфекции со ковид-19 во Шпанија е зголемен во последните неколку недели. Сега го надмина она што властите го сметаат за праг со висок ризик од 150 инфекции на 100.000 жители во текот на 14 дена.

Досега, 3.300.965 луѓе биле позитивни на коронавирус, 75.698 починале, а 3.054.725 оздравиле.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/FERNANDO VILLAR

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе