На итен состанок на градскиот совет

Забранет полицискиот задушувачки зафат во Минесота

Градскиот совет на Минеаполис едногласно донесе одлука за забрана на задушување на лицата при полициски апсења.

Одлуката доаѓа по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд пред 10 дена, откако полицаец повеќе од девет минути му го притискаше вратот со колено.

Исто така, ограничена е и употребата на средства за разбивање демонстрации и се бара поголема транспарентност во работата на полицијата.

„Ова е моментот кога можеме целосно да го промениме начинот на дејствување на полицијата“, рече градоначалникот Џејкоб Фреј, пренесоа американските медиуми.

Тој додаде дека во минатото имало проблеми со воведувањето вакви промени, но дека сега тие можат да се спроведат.

Сите четворица полицајци што учествуваа во убиството на Флојд се отпуштени од работа и против нив се поднесени обвиненија.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе