Заболените од рак бараат милионска отштета од нуклеарката Фукушима

Во Токио почнаа сослушувањата во рамки на предметот за исплата на околу пет милиони долари отштета на луѓето кои по катастрофата во нуклеарната централа во Фукушима добиле рак на штитната жлезда.

EPA-EFE

Шест лица кои во 2011 година за време на нуклеарната катастрофа биле деца го тужеа сопственикот на нуклеарката Токио електрик пауер компани холдингс (ТЕПКО) тврдејќи дека радијацијата од централата е причина за нивната болест. Од нив бараат 616 милиони јени (4,9 милиони долари) отштета.

Тоа е првата групна тужба која ја поднел некој од Фукушима поради здравствени проблеми наводно поврзани со катастрофата, наведоа нивните адвокати.

Во Јапонија на 11 март 2011 земјотрес со јачина од девет степени и цунами предизвикаа нуклеарна катастрофа и го разурнаа брегот на североистокот на земјата.

Во земјотресот и цунамито настрадаа 18.430 луѓе, но беа пронајдени телата на 15.897 жртви. Над 160.000 луѓе беа приморани да ги напуштат своите домови. Системите за ладење во нуклеарната централа Фукушима на североисточниот брег на Јапонија беа уништени и истече радиоактивен материјал. Се смета дека поради тешките услови за евакуација и животните услови предизвикани од природната катастрофа и нуклеарната несреќа умреле уште 3.700 луѓе.

Од ТЕПКО во судот наведоа дека оштетените не биле изложени на доволно силно зрачење кое би можело да предизвика рак, наведувајќи тестови на 1.080 деца од три града околу централа кои покажале дека околу 55 отсто не биле изложени и дека никој не примил повеќе од 50 милисиверти, што е годишниот лимит за озраченост на работници во нуклеарна централа.

По нуклеарната катастрофа во нуклеарната централа во Чернобил, во Украина во 1986 година, забележан е пораст на деца заболени од рак на штитната жлезда.

Владата на префектурата Фукушима тестирала 380.000 жители на возраст на 18 години или помлади во време на несреќата за рак на штитната желзда. Кај околу 300 бил дијагностициран рак или се сомнева на рак.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе